Кејн удри по критичарите: Ние играме на теренот, а не – селекторот Саутгејт!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англија е под голем притисок пред четвртфиналниот дуел против Швајцарија на Европското првенство (ЕП) во Германија.

Селекторот Герет Саутгејт добива критики поради лошите настапи на неговите избраници, но сега напаѓачот Хари Кејн застана во негова одбрана.

„Знам дека селектоот секогаш добива критики. Сепак, ние сме на теренот и од нас зависи дали ќе направиме разлика, а не од Саутгејт. Тој е еден од најдобрите тренери во светот“, кажа Кејн.

Мечот меѓу Швајцарија и Англија се игра денеска од 18 часот.