Кемба Вокер си замина од Оклахома и веднаш најде нов тим!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американскиот кошаркар Кемба Вокер од следната сезона нема да го носи дресот на Оклахома туку ќе игра за Њујорк никс.

Вокер беше неодамна испратен во Оклахома од редовите на Бостон во замена за Хорфорд, Браун и неколку пикови, но не се задржа долго во екипата.

„Атлетик“ објави дека Оклахома ќе го откупи договорот на Кемба и тој ќе стане слободен агент, по што веднаш ќе го засили Њујорк никс.