Кепа може да ги пакува куферите: Челси најде голман за следната сезона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Челси, Франк Лампард не се откажува од неговата намера да купи нов голман за следната сезона бидејќи не е задоволен од настапите на Кепа Аризбалага, кој го загуби местото од првиот тим.

Многу голмани се поврзуваа со трансфер во Челси, а Андре Онана е еден од кандидатите, но според „Газета дело Спорт“, Лампард сака да го купи Хуан Мусо од Удинезе.

Преговорите во моментов се во тек и Удинезе побарал 30 милиони евра за трансферот на нивниот чувар на мрежата, а токму таква сума може да си дозволиЧелси.

Овој 25-годишен голман стигна во Серија А во 2018 година од аргентински Рејсинг и брани одлично на голот на калчолигашот.