Кепа пропадна во Реал Мадрид и ќе си ја бара среќата на друго место


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најскапиот голман во историјата, Кепа Аризабалага не се прослави во редовите на Реал Мадрид и го загуби местото меѓу стативите од Андреј Лунин.

„Кралевите“ не планираат да го задржат Кепа во својот тим, а Шпанецот нема да добие шанса ниту во Челси, па затоа газдата Тод Боели веќе работи на негов нов трансфер.

Кепа би можел да замине во Саудиска Арабија, каде што ќе добие голема сума на пари, а за неговите услуги се заинтересирани Ал Наср, Ал Итихад, Ал Хилал и Ал Ахли.