Кевин Дурант се сели во Феникс!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во финишот на трејд периодот во НБА-лигата се случи неверојатна размена, па така еден од најдобрите кошаркари Кевин Дурант потпиша за Феникс санс.

Познатиот новинар Адријан Војнаровски објави дека паднал договор меѓу двете страни, па така во Феникс ќе се пресели Дурант, додека во Бруклин заминуваат Мајкл Бриџис, Камерон Џонсон и Џеј Краудер.

Бруклин, исто така, ќе добие четири први пивоки на Феникс во 2023, 2025, 2027 и 2029 година, како и трампа на пикови за 2028 година.