„Кикер“ предупредува: Многу дуели од ЛШ може да завршат со службени 3-0!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот весник „Кикер“ предупредува дека многу натпревари во Лигата на шампиони би можеле да бидат одлучени на зелена маса, односно да бидат доделени службени победи од 3-0.

УЕФА сака сите 96 натпревари од групната фаза во ЛШ да завршат до 9 декември, што е оптимистичка прогноза со оглед на фактот дека првите натпревари ќе се одиграат утре, 20-ти октомври.

Раководните луѓе свесни се од потенцијалниот хендикеп поради пандемијата со коронавирус и воведуваат посебни закони кои ќе се применуваат во Лига на шампиони и Лига Европа.

Ако националните или локалните власти во одредена земја наметнат ограничувања кои се однесуваат на гостинските клубови, клубот домаќин ќе мора да организира услови за да се одржи натпреварот. Според УЕФА „клубот мора да организира алтернативно место за одигрување“, притоа да ги покрие трошоците за тоа.

Ако клубот не предложи алтернативно место и натпреварот не може да се одигра, тогаш ќе биде заверен со службен резултат 3:0.

УЕФА ги повика сите клубови кои учестуваат во ЛШ „да го стават својот терен на располагање како неутрално место за останатите натпревари ако е потребно“.