Кин има фаворит за трофејот во Премиерлигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот фудбалер Рој Кин како стручен коментатор за „Скај Спортс“ го даде своето мислење за тоа кој ќе ја освои Премиерлигата.

Ливерпул е лидер во лигата со 67 бодови, односно два бода повеќе од Арсенал и три повеќе од Манчестер сити на девет кола пред крајот.

Кин кажа дека во моментов главен фаворит за титулата е Ливерпул бидејќи е чекор понапред од ривалите.

„Мислам дека Ливерпул е фаворит за титулата. Арсенал е втор фаворит поради гол-разликата, додека Манчестер сити со повредите и останатите проблеми е на третата позиција“, кажа Кин.