Кин: Манчестер јунајтед се исплаши од титулата!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер јунајтед веќе два натпревари по ред не знае за триумф во Премиерлигата, откако најпрво беше изненаден од Шефилд јунајтед на домашен терен, а потоа одигра реми против Арсенал.

Откако направи два кикса, Манчестер јунајтед почна да ја губи битката за титулата, а легендарниот Рој Кин порача дека „ѓаволите“ се исплашиле од титулата.

„Ова е загрижувачко, им недостигаше верба за победа. Замислете дека сте Манчестер јунајтед и не верувате во победа. Може да бараме изговори, ама ни недостигаше квалитет. Фудбалерите се исплашени од предизвикот“, кажа Кин.