Кин распали: Халанд игра на ниво на четврта лига!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер сити и Арсенал одиграа без голови (0-0) во дербито од 30. коло во Премиерлигата, а критики по натпреварот доби Ерлинг Халанд.

Норвешкиот голгетер не одигра најдобар меч и во завршницата промаши голема шанса, а за тоа коментираше и легендарниот Рој Кин.

„Ова беше лош настап. Пред голот тој е најдобар во светот, но генералниот впечаток е лош. Неговата игра е на ниво на фудбалер од четвртата англиска лига. Халанд мора да се подобри во следните години“, кажа Кин.