„Киптум ќе имаше одлична кариера“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Британскиот атлетичар Мо Фарах даде краток коментар за трагично загинатиот светски рекордер во маратон, Келвин Киптум.

Киптум загина во неделата во сообраќајна незгода во Кенија, заедно со неговиот тренер Хакизамана.

„Келвин беше талентиран и постигна многу успеси. Не се сомневам дека ќе имаше одлична кариера. Испраќам сочувство до неговото семејство и пријателите“, кажа Фарах.