Кирјос: Федерер во тенисот е како Џордан во кошарката, но Ѓоковиќ е подобар!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Контроверзниот тенисер Ник Кирјос гостуваше во една емисија при што зборуваше за различни теми од светот на тенисот.

Кирјос кажа дека Роџер Федерер има голема важност за тенисот, исто како што Мајкл Џордан има за кошарката.

„Федерер е сличен на Џордан, но Ѓоковиќ е подобар тенисер. Што се однесува до Џон Мекинро и Пит Сампрас, тие не би имале шанси против денешните тенисери, додека за Џордан сметам дека може да игра на врвно ниво“, вели Кирјос.