Кирјос се повлече од Австралијан опен!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Австралискиот тенисер Ник Кирјос се повлече од Австралијан опен поради проблеми со повреда на коленото.

Пред првиот натпревар во Мелбурн, Кирјос соопшти дека не може да настапи затоа што чувствува болки во коленото.

„Многу ми е тешко поради оваа одлука. Разочаран сум, но во исто време не се сомневам дека донесов вистинска одлука. Ми беше ограничено движењето, чувствував непријатна болка и тоа не е состојба во која можам да играм“, кажа Кирјос.

На местото на Кирјос шанса ќе добие Денис Кудла, кој во првото коло ќе игра против Русинот Сафиулин.