Клаузула за паметење: Тоа кога 15 % од трансферот е најголема заработка во историјата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барнсли три години после продажбата на стоперот ќе заработи четири пати повеќе од таа сума која во претходните осум години ги вложија во доведување на засилувања.

Барнсли денеска го собори клупскиот рекорд кога е во прашање заработка од продажба на играч. Иако не продаде ниеден играч. На англискиот второлигаш на сметката легнаа 8.325 000 000 евра. Благодарение на преминот на Џонс Стонс од Евертон во Манчестер Сити.

Да потсетиме, англискиот стопер денеска го официјализира 55 милиони евра тешкиот трансфер во таборот на Граѓаните што значеше дека на Барнсли и одат 15 % од споменатата сума.

Таков договор е склучен меѓу Барнсли и Евертон пред три години кога Стонс како талентиран дефанзивец премина на Гудисон Парк за 3 милиони евра.

Карамелите тогаш прифатија за 15 % од наредното продавање да припаднат на Барнсли.

Иако Стонс тогаш важеше за перспективен фудбалер, малку кој можеше да очекува дека ќе стане втор најскап дефанзивец во историјата на фудбалот и дека Барнсли еден ден ќе заработи голема сума на пари од него.

Тоа ги направи најисплатива продажба во историјата на Барнсли. Соборен е рекордот стар 18 години поради тоашто најскапо продавање до денес беше Ешли Ворд за кого Блекбурн во 1998 година плати 5 милиони евра.

Колку е голема сума на пари за Барнсли најдобро зборува податокот дека клубот во претходните осум години на доведување на засилувања потроши нешто повеќше од 2.5 милиони евра.

Со оваа финансиска инјекција, Барнсли ќе може да повлече некои потези на фудбалскиот пазар со цел да обезбедат опстанок во повратничката сезона во Чемпионшип.