Клоп: Ако продолжат најбогатите клубови да прават што сакаат, тогаш…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Манчестер сити вчера доби одлични вести од Судот за спортска арбитража во Лозана, кој ја поништи одлуката на УЕФА за двегодишната суспензија од европските натпреварувања.

По помилувањето на „граѓаните“ се јавија многу јавни личности, меѓу кои и првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, кој го критикуваше Судот во Лозана.

Од друга страна, Јирген Клоп вели дека тоа што Сити ќе игра следната сезона во Лигата на шампиони (ЛШ) е добра вест за Ливерпул, но смета дека богатите клубови прават што сакаат и никој ништо не им може.

„Среќен сум што Сити ќе игра во ЛШ следната сезона затоа што нема да имаат 10-12 натпревари помалку. Финансискиот фер-плеј е добра идеја за да се заштитат тимовите и натпреварувањата со тоа што никој нема да троши премногу. Сепак, ако најбогатите клубови и држави прават што сакаат, тогаш тоа ќе биде многу тешко“, вели Клоп.