Клоп бил на преговори: Ливерпул „краде“ ѕвезда од „Гудисон парк“!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул сезонава води голема борба со Манчестер сити за титулата во Премиерлигата, а очигледно новиот шампион ќе биде откриен на крајот на сезоната, но тоа не го спречува тренерот на „црвените“, Јирген Клоп да не мисли на иднината на клубот.

Клоп бил на преговори со ѕвездата на Евертон, Ричарлисон, кој минатото лето пристигна на „Гудисон парк“ за 35 милиони фунти од Вотфорд, па на почетокот на сезоната играше одлично, но во последните месеци не е во форма.

Овој 21-годишен фудбалер на 30 настапи во Премиерлигата постигна 12 голови, па така го привлече интересот на Ливерпул, но исто така и на Барселона.

Ќе биде интересно да се следи реакцијата на навивачите на Ливерпул и Евертон, доколку Ричарлисон реши да се пресели на „Енфилд“ идното лето.