Клоп дава огромни пари за ѕвездата на Барселона?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Иако сè уште се е во неизвесност пораади коронавирусот, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп веќе планира како ќе изгледа неговиот тим следната сезона.

Медиумите во Англија пишуваат дека германски стратег има намера да се ослободи од неколку фудбалери, меѓу кои и Дејан Ловрен и сака да го донесе Осман Дембеле на „Енфилд“.

Овој фудбалер се мачи со повреди откако пристигна на „Камп Ноу“ и има само девет настапи за „Блауграна“ оваа сезона, а клубот има големи проблеми со неговата дисциплина.

Сепак, Клоп е уверен дека може да ја врати кариерата назад и да го натера фудбалерот да беше во Борусија Дортмунд, а според некои извори тој е подготвен да даде огромна сума за неговите услуги.

Наводно, челниците на Барселона би биле задоволни од понудата од 90 милиони, што ќе бидат доволни за да го доведат Лаутаро Мартинез од Интер или Нејмар од ПСЖ.

Како ќе се одвива целата приказна останува да видиме.