Клоп: Доаѓањето на Рангник во Англија е лоша вест за другите тимови!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед пред неколку дена го отпушти Оле Гунар Солскјер, а „Атлетик“ прв објави ексклузивна информација дека нов стратег на „црвените ѓаволи“ ќе им биде Ралф Рангник.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп доби прашање за неговиот сонародник кој треба да го преземе гигантот од „Олд Трафорд“.

„За жал, добар тренер ни доаѓа во Англија, а тоа се лоши вести за останатите екипи во Премиерлигата“, кажа Клоп.

Рангник ќе биде промовиран како тренер на „ѓаволите“ во понеделник, по што ќе го предводи тимот до крајот на сезоната, а потоа ќе работи како советник во клубот.