Клоп го ’пецна’ Челзи, сега стигна одговорот од Лампард!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Челси продолжува да троши по едногодишната суспензија.

„Плавите“ се дефинитивно најактивниот клуб ПЛ на пазарот, пристигнаа квалитетни имиња како Вернер, Хаверц, Зијех, Чилвел, Сар и Силва, а пред договор е Менди од Рен.

Клоп минатата недела коментираше дека некои клубови се во државна сопственост или се во рацете на олигарсите и ја имаат таа моќ да ги трошат. Од друга страна, Ливерпул досега го донесе само грчкиот дефанзивец Цимикас, додека преговорите за Тијаго Алкантара влегуваат во втор месец.

Лампард и Клоп имаа неколку судири минатата сезона, се чини дека новиот само додава на важноста на дуелот меѓу двата клуба.

“Реалноста е дека, освен можеби Лестер, што е неверојатна приказна, повеќето клубови кои го освоија ПЛ купија многу играчи и тоа скапо ги платија. Може да ги погледнете и играчите на Ливерпул, Ван Дајк, Алисон, Фабињо, Кеита, Мане, Салах. Тие доаѓаат за висока цена. Ливерпул го прави тоа веќе некое време. “

“Успеавме да се вратиме по забраната и да ја искористиме ситуацијата да ни помогне да напредуваме. Знаеме дека Ливерпул троши многу. Знаеме дека имаат неверојатен тренер и играчи. Паметен потег на Ливерпул е дека тие веруваа во својот тренер и систем со текот на годините. Прекрасен приказна, но приказна во која потрошија многу пари на играчите “, изјави Лампард за англиските медиуми.

Ливерпул играше класико во првото коло со Лидс, каде „црвените“ славеа со 4:3. Сите го чекаме она што ќе го видиме вечерва од Челси, јасно е дека некои нови засилувања ќе започнат од првата минута против Брајтон.