Клоп ја реши мистеријата дали ќе седне на кормилото на Германија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германија по Европското првенство ќе остане без селектор откако Јоаким Лев најави дека ќе се повлече од селекцијата каде што работеше во претходните 15 години.

Како најголем фаворит за селекторската позиција се споменува тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, а ова ги натера новинарите да го прашаат што мисли Германецот за ова.

„Дали ќе бидам слободен ова лето да ја преземам Германија? Не. Јоаким Лев беше неверојатен, сигурен сум дека германскиот сојуз ќе најде подобро решение“, кажа Клоп на прес-конференцијата.

Германија на 11 октомври ќе гостува во Скопје, каде што ќе се соочи со репрезентацијата на Македонија.