Клоп: Никој во историјата на британскиот фудбал досега немал поголемо водство и на крајот го загубил


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул синоќа го совлада Лестер со убедлива победа од 4:0 и сега има предност од 13 бодови и натпревар помалку од нив, и 14 повеќе од Манчестер Сити.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека неговиот тим воопшто не размислува за предноста што ја има против најголемите ривали во борбата за титула во Премиер лигата.

“Јас можам да ја напишам самата приказна – никој во историјата на британскиот фудбал досега немал поголемо водство и на крајот го изгубил. Тоа ми звучи лошо во увото, па зошто да размислуваме за тоа”, рече Клоп, пренесоа британските медиуми.

Ливерпул синоќа го совлада Лестер со убедлива победа од 4-0 и сега има предност од 13 поени и натпревар помалку од нив, и 14 повеќе од Манчестер Сити.

“Игравме навистина добар фудбал, особено по сите патувања во последно време. Ова можеби беше нашиот најдобар натпревар во сезоната”, изјави фудбалерот на „црвените“ Трент Александар-Арнолд.

Навивачите на Ливерпул го пречекуваат Волверхемптон во следното коло во Премиер лигата.