Клоп: Пенал? Ма не, скокна пред да има контакт..


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во едно од дербињата во 1. Коло на Лигата на Шампионите, Ливерпул како гостин беше поразен од Наполи со резултат од 2:0.

На натпреварот одигран во Италија тие ни понудија доста квалитетна фудбалска претстава, и покрај тоа што Ливерпул за време од 90 минути имаше доста шанси, на крајот остана без победа под Везувио.

Еден од двата погодоци на Наполи беше постигнат од белата точка а на тоа претходеше сомнителниот „старт“ на Робертсон над Каљехон, а како што смета тренерот на Ливерпул немало…

„Беше отворен натпревар со многу шанси. Верувам дека имавме подобри, но проблемот е што залудно се искористени. Мораме да го прифатиме резултатот.“, кажа Јирген Клоп после натпреварот, па се сврте кон единаесетерецот кој судијата го досуди во 82. Минута.

„Според мене нема зборови за пеналот. Каљехон скокна пред да има контакт, но сега е готово, не можеме тоа да го промениме“, истакна германскиот стручњак.
Покрај Мертенс, мрежата на Ливерпул вчера ја затресе и Лоренте.