Клоп по голема победа: Бевме фантастични, момците изгледаа одлично


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во првиот пријателски натпревар пред продолжението на сезоната, Ливерпул синоќа го совлада Блекбурн со 6:0.

Натпреварот се одигра пред празни трибини, а за Ливерпул голови постигнаа Мане, Кеита, Минамино, Матип, Ки Јана Ховер и Кларксон.

Јурген Клоп беше повеќе од задоволен.

“Бевме фантастични. Имавме вистински пристап и став и во вакви натпревари најважно е да покажеме дека сте подготвени за вистинските наптревари по паузата. Ова го покажавме. Момците изгледаа одлично, исто како и пред паузата. Бевме во ритам од прва до последната минута “, Клоп ги пофали своите избрани.

Шампионатот за Ливерпул продолжува со дербито против Евертон, а потребни му се уште шест бода за математички да ја потврдат титулата.

Ливерпул исто така може да ја освои титулата со победа против Евертон, а Манчестер Сити загуби од Арсенал.