Клоп презадоволен од своите фудбалери: Имаме Ферари во гаражата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп кажа дека е воодушевен од победата против Саутемптон (2-1), а квалитетот на резервните фудбалери го спореди со Ферари.

Ливерпул со пресврт го совлада Саутемптон и остана во трка за шампионската титула, која ќе се решава во последното коло во недела.

Клоп направи девет измени во однос на тимот кој во саботата го победи Челси во финалето на ФА-купот, па така во составот ги немаше Мохамед Салах и Вирџил Ван Дајк.

„Навистина е емотивно тоа што го направија момците. Овие фудбалери не играат често, но тоа што го покажаа е неверојатно. По девет измени, доколку не успеевме, јас ќе бев одговорен, но победивме и момците се залужни за тоа. Овие момци се неверојатни, тоа е како да имате Ферари во гаражата“, кажа Клоп.