Клоп призна: Испаднавме од трка за титулата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул вчера загуби во дербито од Арсенал со 2-3, па така остана на 10. место со 10 бодови, а тоа е најлош старт по сезоната 2012/13 кога имаа само девет бода по 10 кола.

Ливерпул во таа сезона заврши дури на седмата позиција, а тренерот Јирген Клоп се надева дека нема да им се повтори истото сценарио, иако призна дека неговиот тим испаднал од трката за титулата.

„Повеќе не сме во трка за титулата. Замислете да седам и да ви кажам дека сме блиску. Ова е тешка ситуација, игравме со Арсенал, па ќе се соочиме против Ренџерс, а потоа со Манчестер сити. Тоа не се идеални противници“, вели Клоп.

Поранешниот шампион в среда игра против Ренџерс и не смее да си дозволи кикс во Лигата на шампиони (ЛШ).