Клоп призна: Реал Мадрид е фаворит во финалето на ЛШ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренеот на Ливерпул, Јирген Клоп пред мечот со Реал Мадрид кажа дека шпанскиот шампион е фаворит во вечерашната средба.

Германецот смета дека искуството кое го има „кралскиот тим“ може да биде пресудно, а исто така кажа дека победите против ПСЖ, Челси и Манчестер сити претставуваат дополнителна предност на клубот.

„Размислувам само за натперварот и како да се подготвиме. Не може да го купиме искуството кое го има Реал Мадрид. Некои фудбалери на Реал имаат по четир титули во елитното натпреварување. Тие се фаворит во дуелот“, кажа Клоп.

Овие екипи веќе еднаш се сретнаа и тоа во финалето во 2018 година, кога славеше Реал Мадрид.