Клоп сака да види ѕвезда на Манчестер јунајтед во дресот на Ливерпул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот тренер Јирген Клоп размислува за нови засилувања на Ливерпул ова лето, а интересно е тоа што покажа интерес за напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, кој не добива голема минутажа кај стратегот Ралф Рангник.

Клоп има одлично мислење за Англичанецот, па нема да биде изненадување ако тргне по неговиот потпис следното лето.

Јунајтед ќе мора да го продава Рашфорд ова лето бидејќи тој има договор до 2023 година, а соработката речиси сигурно нема да биде продолжена поради неговиот статус во клубот.

Во следниот период се очекуваат преговори меѓу екипите, по што ќе биде познато дали Рашфорд ќе остане на „Олд Трафорд“ или можеби ќе се пресели кај големиот ривал на „црвените ѓаволи“.