Клоп соопшти кога ќе го напушти Ливерпул, а познато е и каде ќе работи потоа!


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп порача дека шампионската титула која неодамна ја освои во Англија е за вечност и потврди дека уште неколку сезони ќе го предводи премиерлигашот.

Клоп ги откри плановите за блиската иднина, односно дека сака уште четири години да работи во Ливерпул.

„Уште четири години ќе работам во Ливерпул, а потоа ќе одмарам, па можеби ќе преземам некој друг клуб, репрезентација…“, кажа Клоп.

Многумина претпоставуваат дека репрезентацијата на Германија ќе биде голем предизвик за трофејниот тренер кој во Ливерпул работи од 2015 година.