Клоп тргна во акција: 35 милиони евра за метата на Барса


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул во првото коло славеше на Емирати со 4:3, но во преостанатите две кола е освоен само бод.

Сигурно старт каков што не посакуваше Јирген Клоп.

Поранешниот стратег на Борусија Дортмунд рече дека нови засилување не му се потребни, но се чини дека се предомисли.

Имено, англиските медиуми тврдат дека Редсите сериозно загризаа за доведување на бразилскиот напаѓач Луан од Гремио.

Островските медиуми најавуваат понуда од дури 35 милиони евра за момчето кое Со Бразил неодамна освои олимписко злато.

Инаку, овој фудбалер е поврзуван и со Барселона.

 

https://www.youtube.com/watch?v=q8q8Iphozx8