Клоп за иднината: „Би сакал да го тренирам Баерн, но во еден клуб би останал доживотно“


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Јирген Клоп е нов крал на Енфилд Роуд посебно откако Ливерпул минатата сезона го освои трофејот во Лигата на Шампионите.

Германскиот стручњак со Редсите има договор до 2022. година. Славниот англиски клуб радо би ја продолжил соработката, додека харизматичниот тренер на никого не му затвара врата.

Запрашан од новинарот на Спорт Билд дали би можел да ја тренира репрезентацијата на Германија, Баерн, Ливерпул доживотно или да се врати во Борусија, Клоп не исклучи ниту една можност.

„Би сакал тоа, прво репрезентацијата, па Баерн, па враќање во Борусија, па доживотно во Ливерпул…не знам навистина“, рече Клоп.

„Се надевам дека во наредните две или три години че продолжам по истиот пат, а потоа ќе одлучам. Повлекување е исто така една од опциите. Се е можно. Ова го кажувам само за да не се изненадите кога ќе се случи“, изјави Клоп.