„Коби е виновен за создавање на големата тројка на Мајами – Леброн, Вејд и Бош“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мајами Хит пред повеќе од една деценија ја создаде големата тројка од Леброн Џејмс, Двејн Вејд и Крис Бош, а „виновник“ за тоа бил легендарниот кошаркар Коби Брајант кој освоил пет прстени со Лос Анџелес Лејкерс.

Вејд во разговор за американските медиуми кажа дека успехот на Коби бил причина да се состави моќна екипа во Мајами.

„Му се јавив на Леброн и го прашав што ќе прави. Коби веќе освои пет титули до тој момент“, кажа Вејд.

Тоа било доволно да го убеди „кралот“ потоа да потпише за Мајами и да заедно со Бош и Вејд во следните четири сезони да доминираат на паркетот.