Коцките полека се склопуваат: Милан донесе одлука во врска со Златан Ибрахимовиќ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најугледните италијански медиуми, „Калчомеркато“ пишува дека од таборот на Милан донесле конечна одлука дали да го ангажираат Златан Ибрахимовиќ.

Имено, поголем дел од раководството одлучиле да се тргне по шведскиот голгетер кој е слободен агент, а на трансферот единствено се противел едне од првите луѓе, Иван Газидис.

Звонимир Бобан и Паоло Малдини треба да го убедат Газидис да даде зелено светло и клубот и дефинитивно да тргне по Ибра. Според италијанските медиуми тоа е речиси веројатно, па постои голема можност Швеѓанецот да се врати на „Сан Сиро“.

Инаку вчера тренерот на Лос Анџелес Галакси потврди дека Златан Ибрахимовиќ сака да ја заврши кариерата во Серија А.