„Кога јас лаам – не касам, но кога Миха ќе почне да лае, тогаш – внимавајте!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерите на Болоња и Наполи, Синиша Михајловиќ и Џенаро Гатузо ја воодушевија Италијасо слика пред почетокот на мечот од 33. коло во Серија А.

Тие седнаа заедно на клупата и им позираа на фоторепортерите, а тоа навивачите го опишаа како „ова е фудбал каков што сакаме“.

Тие ги поделија бодовите со резултат 1-1, а по мечот темпераментниот Гатузо имаше интересен коментар за српскиот колега.

„Синиша е поопасен од мене. Јас лаам – но не касам. Но, кога Синиша ќе почне да лае – тогаш внимавајте!“, кажа Гатузо.

Гатузо го пофали тимот на Болоња, кој успеа да се врати во мечот и да остане непоразен, иако Наполи водеше уште од седмата минута.