Кога ќе донесе одлука Модриќ за неговата иднина?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ не знае дали ќе ја продолжи кариерата по крајот на сезоната, затоа што Реал Мадрид сè уште не му понудил договор.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека иднината на Модриќ ќе биде решена откако ќе бидат комплетирани сите натпревари на „кралевите“.

Модриќ останува фокусиран до крајот на сезоната и ловот на титули со Реал Мадрид, а во изминатиот период се поврзуваше со преселба во САД и Саудиска Арабија.

Иако постои можност за враќање на Модриќ во Динамо Загреб, сепак шансите за такво нешто се мали.