„Кога слушнав дека ќе преминам во Барса, малку заплакав“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дефанзивниот фудбалер на репрезентацијата на Франција  и од неодамна член на славната Барселона, Самуел Умтини, не го криеше воодушевувањето кога слушна дека ќе премине во славниот клуб.

Умтити премине од Лион во трансфер вреден 25 милиони евра, а на Ноу Камп треба да остане во наредните пет години.

„Кога дознав дека постојат шанси да дојдам овде, малку заплакав. Ова е сон од детството, не можам да дочекам да заиграм со соиграчите. Потребен ми е ривалитет за позиција. Дојдов овде со цел да напредувам со играчите кои имаат многу искуство од кои можам да учам. Знам дека на мојата на позиција играат одлични играчи. Го знаев тоа и пред доаѓањето, но имам високи цели“, рече Умтити.

Да потсетиме дека овој дефанзивец играше и во финалето на ЕП каде што неговата Франција после продолженија е поразена од Португалија со 1:0.