Кои се опциите за Меси – Барселона, ПСЖ или Интер Мајами?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, а веќе се шпекулира во медиумите каде ќе ја продолжи кариерата.

Меси има неколку опции, меѓу кои е и враќањето во Барселона, но англиските медуми пишуваат дека Аргентинецот најверојатно ќе остане во Париз уште една сезона.

Аргентинецот, сепак, не планира да ја заврши кариерата во Париз, туку во Интер Мајами кај Дејвид Бекам, а тоа го открија извори од репрезентацијата.

Меси неодамна доби жестоки критики од навивачите на ПСЖ бидејќи екипата повторно остана без битка за најголемите трофеи, освен титулата во Лига 1.