Кој сака спаринг? Шарапова ги покажа боксерските вештини! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Марија Шарапова е пензионирана од тенисот, но поранешната тениска кралица ја одржува нејзината одлична форма и прекрасниот изглед.

Шарапова на плажа во Лос Анџелес имаше одличен тренинг, откако боксуваше заедно со нејзин инструктор Томи Касано.

Руската тенисерка се пофали со жестокиот тренинг на социјалната мрежа Инстаграм, каде што покажа дека е добар и за бокс.

Поранешната најдобра тенисерка во кариерата имаше многу успеси, а запиша 645 победи и 171 пораз, при што ги освои Австралијан опен, Вимблдон, Ју-Ес Опен и двапати Ролан Гарос од гренслем-турнирите.