Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако не беше во игра, Лука Модриќ и синоќа одигра клучна улога во победата на репрезентацијата на Хрватска над Шпанците!
Од натпревар во натпревар, репрезентацијата на Хрватска докажува дека може многу и дека нивните оптимистички најави во пресрет на ЕП не биле неосновани.
Ако некој и се сомневаше во нив, после синоќешната победа над Шпанија без Лука Модриќ, Марио Манџукиќ, Марсело Брозовиќ и уште неколкимина стандардни играчи, Хрватска веќе сега може да смета за еден од фаворитите за најголем пласман на ЕП во Франција.
Но, Лука Модриќ синоќа не беше во мирување, веќе, напратив, одигра многу важна улога во победата на својот тим, потврдувајќи детал во текот на второто полувреме, кога е досуден пенал за Шпанија, при резултат 1:1.
Кога виде дека ќе шутира неговиот соиграч од Реал Мадрид Серхио Рамос, Модриќ експресно откри на Дарио Срна каде шпанскиот дефанзивец ќе шутира, што капитенот на репрезентацијата на Хрватска го пренесе и на голманот Субашиќ.
Овој, очигледно, го послуша советот, го одбрани пеналот, а хрватските медими пренесоа дека Модриќ после оваа одбрана сигнализирал во стил „Дали ти реков?“.
Luka Modric telling Darijo Srna where Sergio Ramos would place the penalty.https://t.co/2DR4oevZsupic.twitter.com/ubBtmA9YDe
— Scores & Video (@ScoresVideo) June 21, 2016