Колку пари доби победникот на Тур де Франс?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тадеј Погачар, кој денес го слави својот 22-ри роденден, сензационално стана вториот најмлад победник во историјата на Тур де Франс.

Погачар само на последниот ден од трката ја носеше жолтата маица, што беше доволно за неговиот најголем успех.

За победата на најпрестижната велосипедска трка во светот, организаторите на Тур де Франс му врачија на словенечкиот велосипедист награда од 500.000 евра.

Неговиот колега, Примош Роглич, кој водеше во најголемиот дел од натпреварувањето, доби 200.000 евра, додека третопласираниот Ричи Порт освои награда од 100.000 евра.

Патем, победата на една етапа се наградува со 11.000 евра. Погачар оствари три етапни победи, што значи дека добил уште 33.000 евра.

Сите натпреварувачи пласирани од 20-та позиција надолу добија симболична награда од по 1.000 евра.