Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Бизнис бук“, независен истражувач, кој веќе девет години ја истражува Формула 1 (Ф1) објави листа со 20 најплатени возачи во 2019 година.
Убедливо најплатен е Луис Хамилтон, кој вози за Мерцедес и добива 42 милиони евра годишно, седум повеќе од Себастијан Фетел од Ферари.
Трет на листата е Даниел Рикардо со плата од 20 милиони, додека Макс Ферстапен во Ред Бул Хонда заработува годишно по 12 милиони.
Нико Хулкенберг и Валтери Ботас заработуваат по осум милиони, Кими Раиконен добива шест, а Карлос Сајц и Серхио Перез по четири милиони евра.
Шарл Леклер од Ферари заработува само три милиони, Ромејн Грожан и Кевин Магнусен имаат плата од два милиони евра.
Најмалку заработува Антонио Џовинаци, поточно само 500.000 евра.