„Колцов не сакаше да се самоубие, бил пијан и паднал од тераса“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешната сопруга на Константин Колцов, Јулија Михајлова кажа дека тој бил пијан и паднал од тераса на хотел во Мајами.

Во изминатите денови главна тема беше смртта на момчето на тенисерката Арина Сабаленка, но конечно се откриваат детали за трагедијата.

Тенисерката кажа дека раскинала со поранешниот хокеар два дена пред да падне од терасата на хотелот во Мајами.

„Во просторијата на Константин биле пронајдени празни шишиња со алкохол. Имал тераса со поглед кон океанот. Најверојатно не бил свесен за неговите постапки, мислам дека е погрешна претпоставката за самоубиство. Тој немаше такви намери“, кажа поранешната сопруга на Колцов.