Коментатор на урнебесен начин го искоментира мечот меѓу Сити и Тотенхем (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер сити славеше со 4-3 против Тотенхем во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), но лондонскиот гигант се пласираше во полуфинале поради поголемиот број на голови на гости.

Речиси не постои човек, кој го гледаше мечот, а на крајот не беше воодушевен од спектакуларениот натпревар.

А најавата за таков натпревар ја добивме уште во првите 11 минути, кога беа постинати дури четири погодоци, а по мечот еден од коментаторите имаше интересен коментар за дуелот.

Еден дански коментатор не можеше да најде вистински зборови, па не знаеше ниту дека е уште во преносот, па го совладаа емоциите.

„Да ти е*ам, каков натпревар. Морам да признаам дека овој ВАР прави е*ени работи“, кажа данскиот коментатор.