Конте ептен се изнервира по едно прашање на новинарка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако синоќа не оствари победа, тимот на Интер беше елиминиран од Лигата на шампиони. Тренерот Антонио Конте неуспехот тешко го поднесе, а посебно го изнервираа прашањата на новинарите.

Конте кажа дека тимот го оставила срцето на теренот, но голманот на Шахтјор Доњецк си го направил своето и го одбранил голот на неговиот тим.

Потоа Конте доби едно прашање кое го изнервира, па одговори без „влакна на јазикот“.

„Нашиот противник игра многу добро. Ги победивме пред неколку месеци со 5-0 и затоа ја променија својата тактика. Размислете пред да поставите прашње“, кажа Конте.