Конте го напушта Интер и се враќа во Јувентус!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интер е на добар пат сезонава да го освои Скудетото и да ја прекине доминацијата на Јувентус, а најзаслужен за тоа е тренерот Антонио Конте.

Меѓутоа, веста која се појави во медиумите, а ја пренесе новинарот Паоло Барџиџи е дека Антонио Конте би можел да се врати во Јувентус.

Конте би можел да го напушти Интер откако ќе им ја донесе првата титула по пауза од 11 години во Серија А.

„Фабио Паратичи ми кажа дека Ањели останува претседател, Пирло го напушта клубот без разлика што ќе се случи. Алегри е опција за тренер, но внимавајте и на Конте“, кажа новинарот.

Конте во моментов е на добар пат да ја прекине доминацијата на Јувентус, која почна токму од него пред 10 години, односно во 2011 година.