Конте го напушта Интер, познат е неговиот наследник!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Антонио Конте нема да биде повеќе тренер на Интер, па италијанскиот шампион почна потрага по нов стратег, а главни кандидати беа Симоне Инзаги и Максимилијано Алегри, но тоа се промени.

Нов тренер на италијанскиот првак ќе биде Марсело Гаљардо, кој постигна многу успеси со Ривер плејт, каде што беше тренер од јуни 2014 година.

Гаљардо и како фудбалер остави голема трага во Европа, каде што настапуваше за ПСЖ и Монако, а сега ќе има шанса да се покаже и како тренер.

Италијанскиот тим во следните денови треба да ги објави и деталите поврзани со договорот на Гаљардо, а по завршување на Европското првенство (ЕП) ќе ја потврди информацијата.

Конте е разочаран затоа што клубот не сака да продолжи по патот кој му беше презентиран пред доаѓањето и поради тоа реши да замине.

Италијанецот го презема Интер во јуни 2019 година, а притоа го предводеше клубот на 102 натпревари и има 64 победи, 23 ремија и 15 порази.