Конте не се откажува, нова понуда испратена за стопер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Свесен е италијанецот дека му е прекупотребно засилување во одбраната, и испрати нова понуда за играчот кој веќе некое време го гледа.

Калиду Кулибали е голема желба на италијанскиот стратег и тоа веќе “птиците на гранка го знаат“.

Испрати веќе неколку понуди на Сан Паоло за услугите на 25-годишниот Сенегалец, но Де Лаурентис секоја досега ја одби.

Според наводите на Скај Италија, нова понуда од Лондон стигна под Везув, и тоа тешка 38 милиони фунти!

Дефанзивецот одби и да потпише нов договор со Наполитанците, а неговиот агент изјави дека Кулибари сака да замине “исклучиво од финансиска природа.

„Челси сеуште го сака и има време за сите страни да се договорат.

Се одлучивме да ја промениме средината поради економски причини. Сепак, после ова што се случи со Игуаин, Калиду сигурно нема да оди во Јувентус или во некоја друга екипа од врвот на Серија А“, рече Бруна Сатина, агент на 25-годишниот дефанзивец на Наполи.
Да потсетиме дека Кулибари во Наполи стигна од Генк, за сума од околу 5 милиони фунти.