Конте пронајде решение во капитенот на Јунајтед?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Изгледа Конте пронајде решение , но со првата трансфер цел останува без договор.

Првиот трансфер е завршен, имено, Интер го договори трансферот на Ешли Јанг во Милано. Капитенот на Јунајтед, како што пишуваат италијанските медиуми ќе се пресели веќе оваа зима, шест месеци пред истекот на договорот. Договорот ќе има важност од 18 месеци, а јасна е намерата на Конте да ги затвори двете крилни позиции со еден потег, Јанг во 3-5-2, но и во други формации може да игра покрај двете аут линии.

Очигледно е дека со Маркус Алонсо нема да има договор, Челзи побарува нешто повеќе од 40 милиони евра за Шпанецот.

Нема промени околу Артуро Видал кој и понатаму посакува трансфер во Интер, меѓутоа Барселона не попушта. Клубовите не ги приближија ставовите, но и понатаму постои контакт.

Интер нема долго да чека, можеби десетина дена, ако не се договорат, ќе се свртат кон други цели во средниот ред, иако немаат многу опции. И понатаму се спомнува Немања Матиќ, но тоа зависи од тоа дали Јунајтед ќе доведат нов играч за врска.

Марота сигурно има некој кец во ракавот, ќе видиме што ќе се случи до крајот на преодниот рок, но со Јанг, играчот за врска и најверојатната замена на Политано за Љоренте, се чини дека Конте ќе има многу појак тим, во принцип, повеќе алтернативи, што за тренерот на Интер е најважно.