Конте се враќа во Серија А – ќе тренира поранешен шампион


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот тренер Антонио Конте се враќа во Серија А, каде што ќе го тренира поранешниот шампион Наполи од следната сезона.

Наполи разочара оваа сезона и најверојатно ќе остане без место во европските купови за следната сезона, па поради тоа управата реши да направи ремонт.

Конте постигнал договор со Наполи и наскоро ќе потпише соработка на три години со плата од 6,5 милиони евра годишно. Италијанецот го имаше последниот ангажман на почетокот на 2023 година кога работеше во Тотнем.