Конте: Скудетото ќе си го посветам на – себе!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тренерот на Интер, Антонио Конте беше пресреќен по триумфот во последното коло од Серија А против Удинезе (5-1).

Тимот од Милано на четири кола пред крајот ја обезбеди титулата, а со победа против екипата на Удинезе стави точка на импресивната година.

„Ова беше совршен крај на совршена година. Дури и против Удинезе игравме како да ни зависи титулата. Освоивме 91 бод, постигнавме повеќе од 90 голови. Имаме најдобра одбрана, втор најдобар напад…“, вели Конте.

Италијанецот беше шампион претходно и со Челси и со Јувенутс, но пехарот со Интер му е нешто посебно.

„Дојдов во Милано да ја прекинам доминацијата на Јувентус, која траеше девет години. Ставив голем притисок врз себе, но успеав во намерата. Ова Скудето си го посветувам на себе“, кажа тренерот.