Конте веќе го заборавија: Интер го промовираше новиот тренер!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интер неодамна се раздели со Антеонио Конте затоа што не можеа да се договорат за амбициите на тимот во следната сезона, а италијанскиот шампион веднаш си пронајде замена.

Италијанските медиуми го најавуваа ваквиот расплет на настаните веќе долго време, а сега стигна официјална потврда и од Интер дека нивни тренер ќе биде Симоне Инзаги.

Инзаги го напушти Лацио пред неколку дена, по што се договори со Интер и потпиша двегодишен договор, а следната сезона ќе се обиде да ја одбрани титулата.