Копа Либертадорес: Фламенго го претрпе најтешкиот пораз во историјата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имаше неочекувани резултати на натпреварите од 3. коло на Копа Либертадорес одиграни синоќа.

Најнеочекувана е секако онаа помеѓу еквадорскиот Индепендиенте дел Вале и бразилскиот Фламенго. Домаќинот славеше со 5:0 и тоа е најголем пораз на Бразилците во Копа Либертадорес и најголем пораз на актуелен шампион.

Каиседо донесе водство за Индепендиенте во 40-тата минута, но потоа четири гола во мрежата на гостите. Пресијадо, Торес, Санчез и повторно Каиседо во 92-та минута за конечни 5:0. На крајот беа видени две исклучувања – Пресијадо за домашниот тим и Густаво Анрике за гостинскиот тим.

Еквадорскиот тим сега е лидер со максимални девет бода во групата А, додека Фламенго има 6, Jуниор 3 и Барселона СЦ е без бодови. Колумбискиот Jуниор синоќа славеше во еквадорска Барселона со 2:1.

Бока јуниорс триумфираше со 2:0 во Асунсион против Либертад со головите на Салвиo во шестата и 84-та минута, а аргентинскиот тим застана на врвот на табелата со седум бода во групата Х. Либертад има шест, Каракас 4 и Индипендиенте Меделин се без бодови досега.

Интересен беше судирот меѓу Сао Паоло и Ривер Плата. Со помош на два автогола Сао Паоло извлече бод (2:2), додека Боре и Алварез беа стрелци на гостите од Буенос Аирес. Во групата Д лидер е ЛДУ Квито со шест бода, Ривер и Сао Паоло имаат 4, а Бинансионал 3 бода.